НОВОСТИ / Мобилниот телефон го прослави својот 45-ти роденден

Мобилниот телефон го прослави својот 45-ти роденден


2018-04-12


Motorola Dynatac 8300 беше претставен на 3-ти април 1973 година.

Мобилниот телефон месецов го прослави својот 45-ти роденден. Motorola го претстави првиот пренослив телефон во светот - Motorola DynaTac и покажа како функционира на 3-ти април 1973г. Во 2017 година, Motorola Dynatac 8500 беше прогласен за најголем изум на сите времиња од The Gadget Show, британска телевизиска програма.

"Кога го зедов прототипот во моите раце, навистина имав чувство дека иднината е пред мене", вели Мартин Купер, инженер на Motorola и создавач на мобилната револуција.

Купер успева да го привлече вниманието на сите новинари со својот необичен пристап. Наместо во просторија, тој го претстави првиот мобилен телефон додека се движеше низ центарот на Менхетен. Без да знае дали уредот ќе работи, тој одлучи да го повика својот главен конкурент во тоа време - раководителот на AT&T - Џоел Енгелс. Мартин Купер раскажува дека од спротивната страна на слушалката, Џоел не проговорил ништо, откако слушнал: "Џоел, се јавувам од мобилен телефон, вистински, безжичен мобилен телефон." Токму тоа молчење е потврдата за огромниот успех и за значењето на овој изум, со кој Motorola го промени светот засекогаш.

45 години подоцна, Motorola продолжува да биде синоним за иновации и сопствен стил. Децении по создавањето на Dynatac 8300, компанијата го следи начинот на кој се движи индустријата. Во 2016 година Motorola повторно успеа да го изненади светот. Најновата иновација на пионер на мобилната технологија е првиот успешен модуларен паметен телефон во светот - моделите на Мото Z кои работат со модули, како што се проектор, звучник, инстант печатач и многу повеќе. 


ТДК Компјутери

Менхетен Бизнис Центар, кат 1, ул. Васил Ѓоргов 20А, 1000 Скопје, Македонија
телефон: +389-(0)2-329-8338, +389-(0)2-324-6225 | факс: +389-(0)2-322-1966 | e-mail: info@tdk.mk


Copyright © 2016 TDK Computers. Сите права се задржани.